Кривична пријава против скопјанец кој во казино употребил фалсификат банкнота од 500 евра

0
31

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 29-годишниот Б.Н. од Скопје кој минатата година се обидел во казино да употреби фалсификат банкнота од 500 евра.

Имено, пријавениот прибавил една фалсификувана банкнота од 500 евра, која на 09.09.2022 ја употребил како вистинска, пуштајќи ја во оптек во казино на подрачјето на Кисела Вода – соопшти МВР.

Полицијата поднесе кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“, казниво по чл.268 ст.1 од Кривичниот законик.