Маж од Суботица возел велосипед со 4,61 промили алкохол

0
26

Полицајци во Суботица исклучиле од сообраќај 64-годишен велосипедист. Имено, при алкотест во крвта на велосипедистот биле измерени 4,61 промили алкохол.

Велосипедистот веднаш бил приведен и спроведен во полициска станица. По целосното документирање на случајот против пијаниот велосипедист била поднесена прекршочна пријава, а определена му е и затворска казна во времетраење од 30 дена.