Маж со нож уби шест лица во градинка во Кина, меѓу жртвите и три деца

0
33

Властите во јужна Кина во понеделникот соопштија дека напаѓач убил шест лица, а ранил уште едно во градинка.

Медиумите наведуваат дека меѓу загинатите има три деца, двајца родители и еден наставник.

Нападот се случил во 7 часот и 40 минути во градот Лианџијанг во провинцијата Гуангдонг.

Полицијата соопшти дека 25-годишниот осомничен со презиме Ву е во притвор.

Кина има строги закони за оружје, но земјата забележа неколку масовни прободувања со нож во последниве години, вклучително и некои во училиштата.

Во август 2022 година, напаѓач уби три лица и рани шест други во градинка во јужната провинција Џиангкси.

Маж уби две деца и рани 16 други лица за време на напад со нож во април 2021 година во градинка во провинцијата Гуангкси.

Некои информации за овој извшетај дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс