Нетанјаху го „протурка“ спорниот закон, дел од пратениците скандираа: Срамота!

0
26

Парламентот на Израел денеска го ратификуваше првиот нацрт-закон во планираната судска реформа што ја бараше премиерот Бенјамин Нетанјаху, откако не успеаја последните напори за ублажување на уставната криза што ја потресува земјата со месеци.

Амандманот на законот, кој досега му дозволуваше на Врховниот суд да ги поништи владините одлуки што ги смета за неразумни, беше донесен со 64 гласа „за“ и ниту еден против, бидејќи пратениците од опозицијата во знак на протест го напуштија парламентот, а некои извикуваа: „Срамота!“

Гласањето уследи по речиси 30 часа непрекината дебата што започна вчера наутро.

Но, не е сè завршено. Само неколку минути по гласањето во Кнесетот, центристички опозициски политичар рече дека ќе се обиде да го поништи законот во Врховниот суд, додека владата е категорична за реформирање на рамнотежата на силите и за намалување на ексклузивните права на судот.

Из Канал5.