Откако се породила се фрлила од првиот кат на Скопска Гинекологија. Лекарите се борат за нејзиниот живот

0
61

Триесет и деветгодишна штотуку породена мајка, скокнала од првиот кат на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, во текот на вчерашниот ден, потврдуваат од болницата.

Жената се бори за живот, а донесена во болницата била минатата среда, со крварење, предвремено отцепување на постелката и загрозен живот и за неа и за бебето, кој бил спасен од страна на гинеколозите на ГАК. Родилката е од Скопје, има 39 години и бебето го добила со инвитро оплодување.

Бебето е во добра состојба, но исходот за родилката е неизвесен.