Пожар во нафтена рафинерија во иранското пристаниште Бандар Абас

0
70

Во индустриската зона на пристанишниот град Бандар Абас, јужен Иран се запалија три танкери со нафта, кои се во сопственост на компанијата „Афтаб оил рафининг“ (Aftab Oil Rafining), објавија денеска државните медиуми.

Според извештаите од локални извори, се прават напори за гаснење на пожарот, но постои опасност од проширување и од експлозија на соседните тенкови, објави државната новинска агенција ИРНА.

Според ИРНА досега нема информации за евентуално настрадани луѓе.