По државниот удар во Нигер, генералот Абдурахман Тиани е назначен за претседател на преодната Влада

0
34

За пучот од средата, пак, јавно говореше на телевизија и рече дека неговата хунта ја презела власта поради неколку проблеми во државата вклучително и нестабилноста, економските проблеми и корупцијата

Генералот Абдурахман Тчиани се прогласи за нов лидер на Нигер откако војската во средата ноќта организираше државен удар и го собори претседателот Мохамед Базум.

Базум беше првиот лидер избран на избори кој наследил друг претседател од независноста на државата во 1960 година. Во моментов се смета дека тој е во добра здравствена состојба, но сè уште е заробен од војниците.

Иако Тчиаини се прогласи за нов лидер, Франција, чија колонија беше Нигер, соопшти дека нема да признае за лидер ниту еден друг водач освен претседателот Базум.

Најостро го повторуваме јасното барање на меѓународната заедница за итно обновување на уставиот поредок и демократски избраната власт“, реагираше француското Министерството за надворешни работи (МНР).

Пучот во Нигер остро беше осуден и од меѓународните тема, вклучително и Африкансакта унија, Западноафриканскиот регионален блок, ЕУ и Обединетите нации.

Еден од ретките кои наводно во пофалил пучот бил шефот на паравоената руска формација Вагнер Евгениј Пригожин кој го опишал државниот удар како „триумф“.

Генералот Тчаини се поврзуваше и со воен удар во 2015 против поранешниот претседател Мухамаду Исуфу, но тоа го негираше на суд. За пучот од средата, пак, јавно говореше на телевизија и рече дека неговата хунта ја презела власта поради неколку проблеми во државата вклучително и нестабилноста, економските проблеми и корупцијата.

Из 360.