Пријател на избодениот Бугарин во Скопје: Полицијата нѐ возеше низ опасна населба

0
59

Според овој навивач кој зборува за „24 часа“ трасата за патувањето во Скопје им ја дале од клубот „Левски“

Пријател на избодениот Бугарин во Скопје, навивач на фудбалскиот тим „Левски“, Петар Бозов, тврди за весникот „24 часа“ дека македонската полиција која ги придружувала низ Скопје не реагирала кога дел од македонските фудбалски навивачи ги нападнаа навивачите на бугарскиот тим.

Тој вели дека бугарските навивачи кои патувале со повеќе автомобили не биле организирани навивачи. Тој, исто така, негираше дека учествувал во организирани тепачки. Според него, избодениот навивач не е во животна опасност, но ги повика бугарските власти да помогнат во неговото лекување и транспортирање во Бугарија.

„Околу 18 часот бевме на влезот во Скопје. Таму сите бугарски автомобили беа детално проверени дали имаат оружје. Излезе кордон да нѐ придружува, но по пат се распадна колоната и не бевме добро чувани. Пред кривина, возачот на вториот автомобил ми блиндираше со светло и застанавме. Ме праша ‘Знаеш ли каде одиме?’ Реков: ‘Да, по трасата што ни ја даде Левски’. До нас застана патролно возило и ги прашавме ‘дали треба десно’ и тие рекоа ‘Да, оди, оди’. Ова се покажа како пат до населбата Чаир“, изјавил пријателот на избодениот Бугарин.

„Македонската полиција многу добро виде колку бугарски автомобили скршнаа и завршија во опасната населба“, додава тој. Тогаш започна кошмарот. Околу нив се собра огромна толпа мажи со албанско потекло, пишува весникот. Удирале по колите, таму го избоделе и Драго – другарот на Петар. „Бевме тепани со метални предмети и канти“, се присетува учесникот во она што се случи.