Уапсен 25-годишник од гостиварско баран со потерница

0
28

На 26.07.2023 во 15.20 часот на улица „121“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ш.М.(25) од гостиварска Долна Бањица. Тој бил баран по централна потерница врз одснова на судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната, соопштуваат од МВР.