Американските воени авиони Ф-16 стигнаа во Украина

0
21

Олександр Олешук, командант на воздухопловните сили на Украина, изјави за националната телевизија дека воените пилоти во земјата започнале заедничка обука со американските пилоти на борбени авиони Ф-16.

Авионот Ф-16 беше во Украина. Тој слета на нашите писти, одржавме заедничка обука со пилоти на Ф-16… Вчера двајца мои пилоти беа тестирани од американски инструктори – изјави Олешчук, пренесува Си-Ен-Ен.

Олешук додал дека, иако вкупниот период на обука трае 32 месеци, „одлучено е оваа класа пилоти да може да го совлада Ф-16 за четири месеци“.

Си-Ен-Ен јавува дека Олексиј Резников, министер за одбрана на Украина, исто така потврдил дека започнала обуката на овие борбени авиони.