(ВИДЕО) Во шумски пожар на Хаваи целосно изгоре градот Лахаин

0
29

Во големите пожари што го зафатија хавајскиот голем остров Мауи, градот Лахајна, каде живеат околу 13.000 луѓе, целосно е уништен, покажуваат сателитските снимки.

Засега е познато дека шест лица загинале во пожарот кој се’ уште неконтролирано се шири.

Целиот град е евакуиран, а судејќи според фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи, градот е буквално изгорен.

 

Видеата беа објавени од жителите на Лахајна кои сведочат  за катастрофата.

„Веќе ја немаме Лахахна. Ја нема“, изјави еден жител за Си-Ен-Ен.