Видео: Летаа гранки и дрвја, физичка пресметка помеѓу вработени во „Паркови и зеленило“

0
44

Гранки, лисја, тупаници летаат меѓу вработени во ЈП „Паркови и зеленило“, се гледа на видеото објавено на социјалните мрежи. Оваа физичка пресметка се случила пред Зоолошката градина во Скопје, а на видеото може да се забележи дека неколку лица ги разделуваат раскараните колеги.

Засега не е позната причината за инцидентот меѓу вработените во претпријатието.