ВИДЕО | Нов напад на мостот кој го поврзува полуостровот Крим со Русија – сирените за тревога се итно огласиле: “Го погодиле на четири места!“

0
75

Снимки од нови експлозии се појавија на социјалните мрежи на Крим, каде што е мостот што го поврзува полуостровот со Русија, кој Украинците веќе го нападнаа.

Проруските власти го запреа сообраќајот преку мостот на Крим. Се огласија сирените за тревога.

Прво беше објавено дека се соборени два украински беспилотни летала, а руското Министерство за одбрана подоцна објави дека Украина се обидела да го нападне мостот на Крим со противвоздушна ракета С-200.

„Руските системи за противвоздушна одбрана навреме ја открија украинската ракета и ја пресретнаа во воздух“, објави Министерството за одбрана на Телеграм. Русите тврдат дека нема штети или жртви.

Но, на сликите и фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи може да се види како чад се издига над мостот, а се чини дека мостот е погоден. Имаше информации дека мостот е погоден на четири места.