Во пожар во делчевското село Габрово изгореа 25 тони сено

0
19

Во пожар кој синоќа зафати имот на жител на делчевското село Габрово изгореа околу 25 тони сено. Според информациите на Територијалната противпожарна единица пожарот бил пријавен околу 23:30 часот.

Веднаш со свој екипаж интервениравме на местото каде гореше запалената слама сопственост на семејството Јаневски. Беше интервенција од поголем обем бидејки изгореа околу 25 тони сено, информираа од ТППЕ Делчево, потенцирајки дека причината за пожарот не е позната.

Гаснењето траело цела ноќ, а пожарот целосно бил локализиран во утринските часови.

Имајки ги предвид високите температури, од делчевската птотивпожарна единица апелираа да не се пали оган на отворено, и да се почитува забраната за движење во шума.