ОСМАНИ ТВРДИ ДЕКА НЕ ЗНАЕЛ ЗА ДОНАЦИИТЕ ОД ЕУРОВИТА

0
77

ДУИ го вратила вишокот донација во ЕУРОВИА, но речиси една година подоцна. Уплатата од 2022г која ја надминува законската рамка за донирање требало да биде вратена во рок од 15 дена со оглед дека донаторот и е познат за партијата, но тоа го сториле оваа година. Нема информација дали парите се вратени откако медиумите го објавија случајот. Комисијата утврдува дали постои корупција во постапката на МНР кои ја избраа ЕУРОВИА за организирање на настанот со ОБСЕ.

– Предметот е во завршна фаза во ДКСК, ги прибираме сите материјали за овој случај. За сите детали ќе информираме штом завршиме на првата јавна седница на комисијата, дали утре ќе биде на дневен ред, зависи од постапката.

Каква била поврзаноста на фирмата и ДУИ и дали ЕУРОВИА била активен учесник на тендер кога ги донирала парите, одговори треба да дадат надлежните институции. До денеска нема предмет во јавното обвинителство. Шефот на дипломатијата тврди дека оваа фирма била најповолниот понудувач на тендерот и запазени се сите законски процедури. Османи вели дека за донацијата на ЕУРОВИА во својата матична партија дознал од медиумите. Тој предлага да се донесе закон, фирмите кои ќе донираат во политички партии да не смеат да учествуваат на тендери.

ВМРО ДПМНЕ обвинува дека власта е директно вмешана во тендерските постапки на кои ЕУРОВИА изминативе неколку години заработила милиони преку тендери на државни институции.

– Добрата соработка помеѓу власта на ДУИ и СДС со ЕУРОВИА ДООЕЛ се гледа по тоа што токму во периодот од 2017 до денес фирмата доживува вистинската експанзија приходите и профитот. Ако се погледнат податоците на растот на приходот ќе се потврди дека за само една година, од 2021 до 2022 има пораст од над 100% односно приходот во 2021 година изнесувал 7,4 милиони евра, а веќе следната година скоро 15 милиони евра. Во однос на профитот, состојбата исто така оди во нагорна линија, особено во последните две години, односно профитот во 2021 година бил 576 илјади евра, а веќе во 2022 година 787 илјади евра, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според извештајот на ДУИ за донации кој го поднеле до надлежните институции, лани од вкупно 105 000 евра, две третини ги донирале фирмата Еуровиа Тетово и управителите Ељмедин Адеми и Бејтула Адеми во износ од 75 000 евра.

 

Извор Сител ТВ