Пет лица се повредени во украински напад на рускиот град Курск

0
55

Украинско беспилотно летало го погоди западниот руски град Курск, изјави гувернерот на провинцијата Роман Старовојт, а Москва повторно го одби нападот со беспилотно летало, според официјални извештаи.

Според првичните информации, беспилотното летало удрило во покривот на зградата на железничката станица, објави утринава Старовојт на Телеграм.

Покривот се запалил, а пет лица се полесно повредени од парчиња стакло, рече тој. Службите за итна помош се на терен. Дополнителни детали не беа веднаш достапни