Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

0
22

Полициски службеници од СВР Скопје по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на Б.М. и М.М. во Скопје.

„При претресот пронајдени се околу еден килограм марихуана, прашкаста материја, две дигитални ваги и поголема сума на пари. Лицата се лишени од слобода и против нив по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка“, изјавија од МВР.