Приведени разбојници во Струмица, одземеното вратено на сопственикот

0
22

На 13.08.2023 во 05.35 часот од полициски службеници од СВР Струмица лишени се од слобода Е.И.(22) од Скопје и С.А. од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело “разбојништво”.

Имено, околу 05.00 часот во казино на ул.”Балканска” во Струмица Е.И., кој бил заедно со С.А., со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари од касата.

Двете лица набрзо се пронајдени и приведени, а одземените пари се вратени на сопственикот.

Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, стопшти МВР во денешниот билтен.