ПУКАЊЕ ВО ТЕТОВСКО ПОРАДИ СУДСКИ СПОР ВО ШВАЈЦАРИЈА

0
36

Вчера во 21.40 часот во СВР Тетово, Ш.Р. од тетовско Желино пријавил дека на паркинг во с.Сиричино од страна на две лица од село Чегране со иницијали Д.А. О.Р. како и уште едно лице било пукано со огнено оружје кон неговиот син С.А. од Желино, при што му била одземена и чанта со пари и лични документи.

„Според пријавеното, С.А. и Д.А. имале нерасчистени должничко доверителски односи и судски спор во Швајцарија. Увидна екипа од СВР Тетово извршила увид и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, по што против инволвираните ќе следуваат и соодветни пријави, соопштија од СВР Тетово.