Русија нема да го истражува падот на авионот на Пригожин според меѓународните правила

0
42

Русија ги известила бразилските истражни воздухопловни власти дека не планира меѓународна истрага за падот на авионот „Ембраер“ од бразилско производство, во кој загинаа шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин и други функционери на оваа платеничка група, пренесуваат медиумите во регионот.

Авионот на Пригожин кој летал од Москва до Санкт Петербург не покажал никакви проблеми до последните 30 секунди од летот кога почнал брзо да ја губи висината.