Борел: Ги повикувам сите да работат на деескалација на состојбата на Северот на Косово

0
48

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, го осуди нападот врз припадниците на косовската полиција кај Бањска и порача дека нападите мора веднаш да престанат.

„Најостро го осудувам страшниот напад на вооружена банда врз припадниците на косовската полиција во близина на Бањска на северот на Косово, во кој еден полицаец загина, а двајца други беа повредени. Мора да се утврдат сите факти за нападот. Одговорните извршители мора да се соочат со правдата“, рече Борел, а се наведува во соопштението на веб-страницата на ЕУ.

Тој изјави дека во конфликтите околу манастирот Бањска биле загрозени неколку невини животи.

„Овие напади мора веднаш да престанат. ЕУЛЕКС, како и другите безбедносни сили, се на терен и се во близок контакт со властите и КФОР“, додаде Борел.

Тој рече дека ЕУ и нејзините земји-членки ги повикуваат сите актери да работат на деескалација на ситуацијата на северот на Косово.