ВИДЕО: Над 2000 мртви во страотниот земјотрес во Мароко, трка со времето по преживеани

0
104

Речиси сите куќи во областа Асни, на околу 40 километри јужно од Маракеш, се оштетени, селаните ја поминаа ноќта на отворено. Им недостига храна, вода и голем дел од куќите. Светската здравствена организација објави дека повеќе од 300.000 луѓе биле погодени од земјотресот во градот Маракеш и околните области.

 

Ова е најсмртоносниот земјотрес што го погодил Мароко од 1960 година, кога се проценува дека загинале најмалку 12.000 луѓе, соопшти Американскиот геолошки институт. Центарот на Маракеш е под заштита на УНЕСКО и е тешко оштетен, се урна минарето на џамијата на плоштадот Џемаа ал Фна.

 

Државната телевизија прикажа снимка од областа Мулај Ибрахим, 40 километри јужно од Маракеш, каде што се урнаа десетици куќи на ридот. Кралството Мароко прогласи тридневна национална жалост, а знамињата ќе бидат на половина копје низ целата земја. Мароканските вооружени сили помагаат во расчистување на урнатините и испорака на вода, храна и други резерви.