Зеленски и Лавров во иста просторија за прв пат од почетокот на војната

0
35

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува денеска да биде во центарот на состанокот на Советот за безбедност на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, каде што би можел да се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за прв пат од почетокот на руската инвазија на Украина.

За денеска е предвидена и средба меѓу Зеленски и германскиот канцелар Олаф Шолц. Темата ќе биде барањето на Украина за ракети Таурус, за што Шолц досега молчи.

Првото патување на украинскиот претседател во седиштето на Обединетите нации во Њујорк од почетокот на војната се сметаше за обид да ги придобие скептичните земји.