Казнети 14 пешаци во Охрид за небезбедно минување на коловоз

0
103

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Охрид во периодот од 09.00 до 14.00 часот беа спроведени сообраќајни контроли.

Полициските службеници затекнале 39 пешаци кои извршиле небезбедно минување на коловоз, односно преминале улица надвор од обележан пешачки премин. Од нив во Охрид-14, Струга-15, Кичево-07, Дебар-03, информираат од СВР Охрид.

Додаваат дека против нив се поднесени соодветни платни налози.