Мигранти од Сирија, Авганистан и Ирак најдени во Македонија – меѓу нив и малолетници

0
85

На 14.09.2023 околу 16:40 часот на автопатот Куманово – граничен премин Табановце, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Бирото за јавна безбедност забележале патничко возило „бмв“ со француски национални ознаки, кое превезува лица мигранти.

Возилото не застанало на даден знак за запирање од полициските службеници, но набргу, по преземени мерки, било пронајдено на бензинска пумпа пред патарина „Романовце“.

Притоа, во возилото биле затекнати седум лица мигранти (едно од Сирија, едно од Авганистан и пет од Ирак), од кои тројца малолетници.

По насоки на јавен обвинител, мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Табановце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.