Од денеска „гарантирани“ пониски цени на одделни прехранбени производи, Бектеши најави проширување на листата

0
48

Неколку видови леб, бисквити, наполитанки, јогурт, јајца, млеко, тестенини, овошје, зеленчук, сирење, дел од месните производи, од денеска во маркетите треба да се продаваат по цени за околу 10 отсто пониски од оние кои биле на први август.

Овие производи задолжително треба да бидат означени со посебна ознака на која пишува„Гарантирана цена“.

Министерот за економија Крешник Бектеши е оптимист дека и други производители и увозници кои не се дел од мерката, самоиницијативно ќе ги намалат цените. Од овие производи во маркетите треба да има околу 70 отсто од количните кои биле во месец август. Бектеши очекува дека производителите и трговците ќе бидат координирани, затоа што оној кој нема да ги почитува мерките ќе биде затворен. Акциите на приоизводите треба да бидат со пониски цени од замрзнатите, а ако на овој начин се продаваат оние чиј рок наскоро истекува ,тогаш тоа треба да биде јасно наведено. Бектеши очекува ваквите мерки до крајот на годинава да влијаат инфлацијата во земјава да падне на проектираните 4 до 5 отсто. Изминативе месеци цените нагло пораснаа. За синдикатите, тие се задоцнати и сметаат дека требало да се воведат веднаш кога завршиле претходните мерки.