Полицајците вчера напишаа 339 казни за брзо возење

0
50

МВР информира дека вчера е спроведена засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 339 возачи.

Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движење дури со 70 километри на час над дозволеното.

Притоа 140 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 199 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.