Производителот на лековите за слабеење „Вегови“ и „Оземпек“ сега е највредната компанија во Европа

0
26

Данскиот фармацевтски гигант Ново Нордиск стана највредната компанија во Европа откако го лансираше лекот за слабеење наречен Вегови.

Ново Нордиск на тој начин го престигна францускиот луксузен конгломерат LVMH.

Акциите пораснаа откако Novo Nordisk го лансираше популарниот лек за слабеење во Велика Британија. Вчера компанијата имаше берзанска вредност од 428 милијарди долари.

Лекот сега е достапен во јавниот здравствен систем на Велика Британија, но и на приватниот пазар.

Wegovy се користи за лекување на дебелина и предизвикува луѓето да се чувствуваат сити, што ги тера да јадат помалку и да изгубат тежина.

Оваа дрога стана популарна меѓу јавните личности, а Илон Маск изјави дека и тој е еден од корисниците, пренесува Капитал.

Сепак, експертите предупредуваат дека овој лек, како и другите со иста намена, не е замена за здрава исхрана и вежбање. Анкетираните корисници рекле дека по прекинот на употребата на лекот се враќаат на старата тежина.

Во Обединетото кралство, пациентите можат да добијат Wegovy само ако се со прекумерна тежина и имаат здравствени проблеми поврзани со тежината.