ЦУК: Двата авиона „Ер трактор“ се вклучуваат во гаснење на пожарот кај селото Милетино

0
50

Во гаснење на пожарот кај селото Милетино во општина Брвеница се вклучени и двата авиони „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, информира Центарот за управување со кризи.

Од ЦУК додаваат дека во гаснење на поѓарот учествуваат и 15 лица од ЈП „Македонски Шуми“ подружница „Лешница“ и два полициски службеника, а пожарникари од Територијалната противпожарна единица во Тетово се вклучени со специјализирано противпожарно возило – џип и со една цистерна за дотур на вода.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека утринава сè уште е активен овој пожар каде што гори борова шума и ниска вегетација.

Ветрот го разгорел на места и внатре во изгореното, но и на работ на опожареното зафатил и нов простор. Дежурните ја следат ситуацијата, но ноќе секогаш не може да се интервенира, информираа од ЦУК.

Вчера Центарот за управување со кризи информираше дека во гасењето на пожарот освен пожарникарите учествувале и три противпожарни авиони „Ер-трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, како и вработени во Национални шуми.