ЦУК: Изгаснати сите 18 пожари на отворено

0
55

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека се изгаснати сите 18 пожари на отворено и дека нови пожари утрово нема.

Според ЦУК, во некои општини имало и по неколку пожари, а гореле сува трева, ниска вегетација, мешана шума, една плевна и неколку депонии.

Противпожарните тимови со целодневен ангажман, некаде и заедно со месното население, ги изгаснаа пожарите во Општина Зелениково, с.Орешани (каде што горела ниска вегетација и мешана шума); Општина Аеродром, с.Долно Лисиче (ниска вегетација); Општина Сарај, с.Бојане (ниска шума и вегетација); Општина Ѓорче Петров, с. Никиштане (ниска вегетација); Општина Битола, помеѓу селата Рапеш и Маково (ниска вегетација и шума); Општина Василево, с.Василево (ниска вегетација); Општина Ресен, с.Долно Дупени (ниска вегетација и плевна); Општина Кривогаштани, с.Бела Црква (ниска вегетација и депонија); Општина Василево (2), кај с.Градашорци и бензинска пумпа „Тритерол“ (ниска вегетација) и кај стариот пат с.Радичево и с.Дукатино (ниска вегетација); Општина Струга, с.Долна Белица (ниска вегетација); Општина Желино, с.Желино (ниска вегетација); Општина Врапчиште, с.Градец (ниска вегетација); Општина Виница, Виница (депонија); Општина Кочани, с.Грдовци (ниска вегетација); Општина Карбинци, с.Радање (ниска вегетација) и во Општина Куманово (2), кај с.Бедиње и с.Шупли Камен (каде што горела ниска вегетација), наведува ЦУК.

Територијалните противпожарни единици (ТППЕ) интервенирале и на неколку помали пожари на запалена сува трева во урбаните и населени места, а паралелно гаснеле и пријавени пожари на објекти во градовите и населените места.

ЦУК апелира граѓаните да се воздржуваат од палење оган на отворено, а ако забележат пожар или друга опасност по граѓаните, а и по природните и материјалните добра во државата, да го пријават тоа на Единствениот телефонски број за итни случаи 112. Потоа, ЦУК ги презема активностите со кои се остваруваат неговите задачи за координација со другите институции во државата, односно со субјектите на Системот за управување со кризи (СУК). Големата улога на медиумите во подигање на јавната општествена свет за поголема безбедност од пожарите и од другите опасности за граѓаните, е неодминливо да се посочи дека е на високо ниво, при што, ЦУК, повеќе пати истакна дека со тие секојдневни активности преку нивната 27/7 целогодишна работа медиумите покажуваат, а и остваруваат, голема општествена одговорност во областа на справување со кризите.