ЦУК: Пожарникарите со полни раце работа и за време на викендот и сите вчерашни 19 пожари се изгаснати

0
44

Според утринските информациите од Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожари на отворено, вчера (17.09.2023 година – недела) имало вкупно 19 и сие се изгаснати од противпожарните тимови на институциите од Системот за управување со кризи (СУК).

Изгаснатите 19 пожари на отворен простор, од коишто 6 се догасени рано утрово, биле во:
– Општина Аеродром, 3, кај гробиштата во нас.Ново Лисиче (каде што горела ниска вегетација), кај с.Горно Лисиче (ниска вегетација) и покрај ул. „Вардарска“ (ниска вегетација);
– Општина Студеничани, 1, с.Осинчани (ниска вегетација и нискостеблеста шума);
– Општина Гази Баба: 1 с.Идризово (ниска вегетација, ѓубре и нискостеблеста шума);
– Општина Сарај, 2 с.Рашче (отпадоци) и кај езеро Треска (отпадоци);
– Општина Могила, 2, с.Беранци (ниска вегетација и стрниште) и с.Чарлија (ниска вегетација);
– Општина Тетово, 1, с.Ѓермо (депонија);
– Општина Теарце, 1, с.Глоџи (депонија);
– Општина Прилеп, 2, с.Ерековци (ниска вегетација и стрниште) и кај Кај фабрика Донија (ниска вегетација)
– Општина Охрид, 1, с.Буково (депонија);
– Општина Дебарца, 1, с.Песочани (ниска вегетација);
– Општина Струга, 2, с.Ново Село (ниска вегетација и стрниште) и кај с.Белица (ниска вегетација)
– Општина Струмица: 1 с.Свидовица (ниска вегетација);
– Општина Желино, 1, с.Добарце (депонија) и во
– Општина Куманово, 1, с.Долно Којнаре (каде што горела ниска вегетација и отпадоци).