Четири лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и малолетник

0
61

На 11.09.2023 во СВР Битола, Е.Ш.(54) од с.Горно Оризари, битолско, пријавила дека кај место викано „Сточен пазар“ во Битола била касната од куче скитник.

На 11.09.2023 во ОВР Прилеп, Б.Т.(42) од Прилеп пријавил дека во Прилеп, неговото малолетно дете било каснато од куче скитник.

На 11.09.2023 во 19.20 часот, И.М.(61) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улицата „Партизански одреди“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, М.К.(60) од Кичево пријавила дека на улицата „Питу Гули“ во Кичево била касната од куче скитник.