“TAMO GDJE LJUBAV POCHINJE” – ГОЛЕМ КОНЦЕРТ НА ЦРВЕНА ЈАБУКА ВО СКОПЈЕ, СПОРТСКИ ЦЕНТАР ЈАНЕ САНДАНСКИ

0
85

Почитувана публико.

Ни претставува голема чест и задоволство да ви го најавиме дефинитивно најдобриот поп-рок бенд на Балканот, со овој голем концерт во најубавата арена во главниот град, Јане Сандански.!

После распродадена Загребачка арена со 18.000 влезници, три распродадени интимни концерти во МТС дворана во Белград и два во нашата Македонска Филхармонија во Скопје, турнејата низ Америка, Канада и Австралија, време е за голем концерт во Скопје.!

Сите евергрини и хитови, спакувани во три часовен спектакл.

Влезниците се пуштени во продажба на продажната мрежа на ticketx.mk и онлајн ширум државата.

Се гледаме на 10ти октомври (вторник) во Скопје, каде ноќта ќе биде исполнета со многу љубов и квалитетна музика.