Анкета на ЦРПЦ: За премиерот Ковачевски поголем дел од граѓаните имаат главно негативно мислење

0
105

Во анкетата спроведена од Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги Glas.mk на прашањето: Дали имате позитивно, главно позитивно, главно негативно или многу негативно мислење за премиерот Димитар Ковачевски 22% од анкетираните одговориле дека имаат главно негативно мислење за премиерот, негативно мислење имаат 21 % од испитаниците, многу негативно 16%, малку позитивно, главно позитивно 5%, односно 9%. 19% од испитаниците на прашањето се изјасниле со – не знам.

Повеќе позитивно мислење за премиерот Ковачевски имаат Македонците споредбено со нивните сонародници Албанци.

Инаку станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.

Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 30 септември 2023 година.

Маргина на грешка +-2,5%.