ВИДЕО: НОВИ ПЕКОЛНИ НАПАДИ ВО ХАРКОВ, НАД 50 ЗАГИНАТИ ИМА И ДЕЦА, ТЕЛЕФОНИТЕ НА ЖРТВИТЕ СЕ УШТЕ ЅВОНАТ

0
115
ФОТО: AP

Претставничката на Украина за регионот Харков, Марија Мезенцева, потврди за „Скај њуз“ дека бројот на загинати во нападот на кафуле во селото Хроза се искачи на 55 откако претходно во петокот извештаите покажаа дека бројот на жртвите е 52, според регионалниот гувернер, Олех Синјехубов.

„За жал, ова е тероризам со кој се соочуваме секој ден во разни региони на Украина“, рече таа.

Досега со ДНК-тестови се идентификувани повеќе од 30 лица од 55, кои го загубија животот, меѓу кои и шестгодишно момче, кое исто така е мртво, а повредено е и новороденче, објавија властите.

Регионот исто така беше под оган во текот на ноќта во ракетен напад, во кој загинаа 10-годишно момче и една жена, а беа повредени 23 лица.

„Вчера, страшно попладне и денес страшно утро“, рече Мезенчева и додаде: толку е нехумано, тоа е целосно цивилно место.

Во ноќниот напад загина едно момче, а подоцна беше потврдено дека е убиена и неговата баба.

„Момчето беше убиено кога Русија го погоди вториот по големина град во Украина со две балистички ракети ‘Искандер’. Уште 23 лица се ранети, меѓу кои и едно 11-месечно бебе“, изјави регионалниот гувернер, Олех Синјехубов.

Таткото на момчето, Олех Бичко, изјави за „Ројтерс“ дека успеал да ги извлече од урнатините својот помал син и сопругата по ударот. Шокираниот татко не можеше да најде сила да каже многу повеќе од тоа.

Потврдена е смртта на 68-годишна жена, а итната помош продолжува да ги расчистува урнатините, рече Сињехубов.

„Спасувачите го пронајдоа телото на 68-годишна мртва жена – баба на мртвото 10-годишно момче и неговиот ранет 11-месечен брат – на местото на кое руска ракета погоди станбена зграда во Харков“, напиша тој на „Телеграм“.