ВОЗАЧ ОД СТРУМИЦА УДРИЛ ВО СТОЛБ И ИЗБЕГАЛ, СОПАТНИКОТ ВО ВОЗИЛОТО ГО ОСТАВИЛ ПОВРЕДЕН

0
64

22-годишен жител на струмичкото село Баница вчера вечер предизвикал тешка сообраќајна несреќа откако загубил контрола над возилото и удрил во столб.Возачот избегал од местото на несреќата, а го оставил повредениот совозач. Совозачот со тешки повреди би однесен во Медицинскиот центар Струмица

Еден час по несреќата, возачот на автомобилот бил пронајден и бидејќи бил повреден бил однесен во струмичката болница.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица, инфомираше МВР.