Двајца охриѓани приведени, пронајдена бела прашкаста материја

0
67

На 14.10.2023 во 00.25 часот во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишиле од слобода 20 и 24 годишнo лицe, двајцата од Охрид.

Кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.