Екс градоналачничката на Арачиново сега е назначена за директор на „АД Аеродроми“

0
162

Миликијe Халими, екс градоначалничката на Арачиново доаѓа на местото на досегашниот прв човек Трајче Ангеловски во „АД Аеродроми“ со одлука на Надзорниот одбор на 25 октомври на друштвото кое управува со имотот на двата македонски аеродроми во делот кој не е под концесија на ТАВ Македонија, објави порталот Експрес.

Во текстот стои дека до Надзорниот одбор на „АД Аеродроми“ пристигнала препорака без образложување, дека Ангеловски треба да се разраши и да се назначи Халими.

Откако не доби втор градоначалнички мандат бившата градоначалничка на Арачиново стана инспекторка во Царина за да гони економски криминал.

Телма за овој случај пишуваше лани и објави дека на истек на апанажата Миликија Халими победи на конкурсот и со средно школо ќе биде инспекторка во царината, вработена со склучен договор на определено време од три месеци.

-МИЛИКИЈА ХАЛИМИ ИМА ЗАСНОВАН РАБОТЕН ОДНОС НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ЦАРИНСКАТА УПРАВА ОД 01.10.2022 ГОДИНА, ПО СПРОВЕДЕН ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ, НА РАБОТНО МЕСТО ИНСПЕКТОР ВО СЕКТОР ЗА КОНТРОЛА И ИСТРАГИ, СО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ СОГЛАСНО ПРАВИЛНИКОТ ЗА СИСТЕМАТИЗАЦИЈА, СООПШТИЈА ТОГАШ ОД ЦАРИНАТА.

Работната позиција тогаш ја доби со завршено средно училиште, но не економско туку медицинско. И покрај таквата диплома, таа успеала да влезе во царината затоа што во огласот одобрен и потпишан од директорката Кутиров за инспектор за економски криминал не било предвидено конкретно средно школо туку во огласот е наведено „ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование“.

Халими како кандидат на СДСМ победи на локалните избори во Арачиново и го урна децениското владеење на ДУИ, но на наредните избори изгуби во вториот круг со 150 гласа разлика.

По година дена за кои е предвидене апанажа, Халими успеа да најде ново второ вработување во државно но не преку избори во матичното Арачиново туку преку конкурс за инспектор во царината.

Извор ТВ ТЕЛМА