Осомничениот за вчерашното убиство на две лица во Брисел во терористички напад се уште е во бегство

0
66

Во Брисел продолжува полициската потрага по човекот осомничен за убиството на двајцата шведски државјани и ранувањето на трето лице во нападот што белгискиот премиер Александре де Кро го оквалификува како терористички, јави ДПА.

Вчера три лица излегоа со намера да одат на прекрасен фудбалски празник. Двајца од нив го загубија животот во брутален терористички напад, изјави Де Кро на прес-конференција утринава.

– Се верува дека осомничениот е маж со туниско потекло кој илегално живеел во Белгија, рече Де Кроа.