Подгответе ги чадорите и есенските јакни – следува драстична промена на времето

0
83

Во текот на ноќта кон понеделник, ќе почне да дува засилен северен ветер, облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Со тоа почнува најавената промена на времето – од понеделник ќе биде постудено и дождливо.
Денеска (недела, 15 октомври), утрото ќе биде свежо, преку денот сончево и релативно топло, а кон крајот на денот во северните и западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, особено изразен во западните делови.

Температурите ќе достигнат до 30 степени, а во Скопје до 29.