Приведен скопјанец баран со потерница

0
44

Полициски службеници од Оперативен тим потраги вчера околу 17 часот во Скопје, го лишиле од слобода скопјанецот И.С. (52), кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од една ипол година.

Како што информираат денеска од МВР, лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.