Американската влада разговара со своите партнерски земји, вклучително и Египет и Израел, за да овозможи безбедно излегување на Американците и другите цивили од Газа, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
Сметаме дека е важно на американските граѓани кои се во Газа да им биде дозволено да си заминат и тоа е прашање на кое работиме, изјави Милер.