Фон дер Лајен критикувана за пристрасност кон Израел

0
52

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен е критикувана бидејќи за време на нејзината посета на Израел директно не ја повикала оваа земја да го почитува меѓународното право во војната во Појасот Газа, пишува Политико.

Фон дер Лајен, германски политичар од десниот центар, во петокот го посети кибуцот Кфар Аз каде минатата недела беа убиени десетици цивили во напад на Хамас. Палестинското милитантно движење уби повеќе од 1.400 Израелци во серија напади низ граничната област.

За време на посетата претседателката на Европската комисија изрази безрезервна поддршка за Израел во име на Европската унија. Сега таа е под критики од претставници и дипломати бидејќи не зборуваше за хуманитарните последици од одмаздничките напади на Израел врз Хамас во Газа, во кои животот го загубија најмалку 2.450 Палестинци.

„Таа само рече дека Израел има право да се брани, точка. Тоа не е линија за која се договорија земјите-членки“, рече дипломатот, кој зборуваше за Политико под услов да остане анонимен.