Шолц: ЕУ мора да го награди напредокот на С. Македонија

0
96

Германскиот канцелар Олаф Шолц на самитот ЕУ-Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес во Тирана ја апострофираше Северна Македонија како земја која мора да биде наградена за своите напори да се приближи кон ЕУ.

„Сакаме да направиме сѐ, за Северна Македонија да биде успешна во своите напори, и јас сум му многу благодарен за активностите на шефот на владата, кој вложува големи напори за да ги исполни условите кои беа наметнати однадвор“, порача Шолц на прес-конференцијата на самитот.

„Мора да се каже дека Северна Македонија постигна голем напредок во исполнувањето на критериумите за пристапување и вложува многу напор. Во тој поглед, тоа е единствено исправно“, дополни германскиот канцелар.