Џафери: Ако планираат, партиите навремено да се договорат за датумот за избори

0
67

Спикерот Талат Џафери порача партиите да се договорат за датумот за избори најдоцна до Нова Година. Тој додаде дека нема да остава повеќе време за меѓупартиски договор, односно ако до Нова Година не се постигне согласност Џафери ќе ги распише претседателските избори во првиот можен рок за гласање. На брифинг со новинарите тој ги сподели евентуалните датуми за одржување на претседателските избори. Според него, најрано може да се гласа за претседател на 14-ти март, со тоа што вториот круг би бил закажан за 28-ми март. Најдоцна пак, прв круг за претседателски избори може да се организира на 25-април, а вториот круг да биде на осми мај. Џафери оцени дека осми мај е критичен датум, со оглед на можните жалби и краткиот рок – бидејќи до 12-ти мај наредниот претседател мора да биде инаугуриран. Ако тоа не се случи, претседателските ингеренции ќе ги извршува токму собранискиот спикер.

Џафери апелира партиите да се договорат, па да го информираат за евентуалниот договор и ја отфрли можноста тој да ја формира меѓупартиската работна група на оваа тема. Како што истакна, задачата им ја препуштил на координаторите на парламентарните партии.