Ценовен струен шок во најава- ЕСМ бара за седум проценти повисока цена

0
72

Не чека ли „ струен удар “ по Нова Година со новите сметки за струја ? ЕСМ ќе ја продава електричната енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи на универзалниот снабдувач за 57 евра за мегават час, што е поскапо за 7,5 % од моменталната цена од 53 евра .

Понудата била одбрана како најповолна на тендерот на Универзалниот снабудвач, а повисоката цена важи за покривање за 95 проценти од вкупно потребните количини. Од барањата од ЕСМ најмногу зависи и крајната пресметка која ќе стигне до граѓаните .

За покривање на останатите 5% од вкупно планираните количини, ЕВН Хоме доби две понуди и тоа од АД ЕСМ, по купопродажна цена на електричната енергија од 120,01 евра за мегават час и од компанијата Соле24 ДООЕЛ по цена од 130 евра за мегават час.

ЕВН Хоме одлучи да не прифати ниту една од пристигнатите понуди за овие количини, за да го ограничи влијанието на крајната цена на електричната енергија.

Покрај цената на ЕСМ во крајната пресметка влегуваат и трошоците кои ќе ги достави МЕПСО , како и МЕМО и цената од електродистрибуција . Финалната цена на струјата овој пат ќе ја слушнеме од ЕВН, ама пресметките претходно мора да добијат „ амин “ од Регулаторна.

Инаку, понудата од ЕСМ стигна еден ден пред да стартува дневната евтината тарифа од 13-15 часот . Се поставува прашањето , дали поскапата цена од државните електрани ќе ги „ изеде “ придобивките од евтината струја.

Сепак , не сите граѓани ќе можат да перат , готват и да завршуваат останати домашни обврски на евтина струја поради тоа што се уште трае промената на броилата . ЕВН упати и апел граѓаните да ги проверат, ако на броилото од утре од 13-15 часот има ознака Т2 , тоа значи дека домаќинството има евтина тарифа .

Извор Алфа ТВ