(ВИДЕО) Пожарникарите во Скопје со полни раце работа – Бил во швалерај па пробал да побегне од сопругот преку тераса

0
119

На социјалните мрежи веќе вирално се шири видео направено во скопската населба Ѓорче Петров на кое се гледа како маж виси од клима уред закачен на зграда, пренесе Инфомакс.

Како што неофицијално дознаваме човекот кој виси од клима уредот бил во интимни односи со сопругата на другиот господин кој се гледа на снимката.

Очигледно љубовџијата се преценил во своите способности да се скрие од сопругот, но и во капацитетите да побегне преку тераса па останал заглавен да виси.

На крајот како што се гледа на смимката интервенирала противпожарната бригада која неофицијално му го спасила животот на момчето.