ВИДЕО: Предвреме родените бебиња во Ал-Шифа извадени од инкубатор, ги виткаат во фолии за да им се спасат животите

0
59

Предвремено родените бебиња во најголемата болница во Газа се завиткуваат во фолија и се ставаат покрај топла вода во очајнички обид да се одржат во живот, предупреди директорот на болницата, додека израелските сили продолжуваат да ги гранатираат околните улици. Преостанатите резерви на гориво исчезнуваат, оставајќи го објектот во услови кога е невозможно да функционира, велат болничките службеници.

Вработените во болницата Ал-Шифа се бореле да ги одржат во живот новороденчињата откако истече снабдувањето со кислород и тие мораа рачно да ги преместат бебињата од инкубаторот во друг дел од болницата, рече директорот на Ал-Шифа.

„Бев со нив пред некое време. Бебињата се извадени од инкубаторот. Ги завиткуваме во фолија и ставаме топла вода до нив за да можеме да ги загрееме“, изјави за телевизијата Ал Арабија директорот на медицинскиот центар, д-р Мухамед Абу Салмија.

На фотографиите кои се проширија на социјалните мрежи се гледаат неколку новородени бебиња извадени од инкубаторот и ставени заедно во еден кревет.

Во израелските воздушни напади загинаа повеќе од 11.000 луѓе, според палестинските здравствени власти под контрола на Хамас, а блокадата со гориво резултираше со продлабочена хуманитарна криза бидејќи се затворија болниците, системите за вода, пекарите и другите системи зависни од електрична енергија.

A1.on