(ВИДЕО) Хаос во Бразил – во тепачка полицијата удри и по фудбалерите, а светскиот шампион ја освои „Маракана“

0
97
Argentina's Lionel Messi leaves the field after a fight between Brazilian and Argentinians fans at the stands prior to a qualifying soccer match for the FIFA World Cup 2026 at Maracana stadium in Rio de Janeiro, Brazil, Tuesday, Nov. 21, 2023. (AP Photo/Silvia Izquierdo)

Фудбалската репрезентација на Аргентина го победи Бразил на „Маракана“ со резултат 1:0 (1:0).

Според многумина, меѓу Бразил и Аргентина владее едно од најголемите фудбалски ривалства на планетава, кое заврши со победа на светските шампиони со сцени од тепачка кои ја обиколија планетата.

Решавачкиот гол го постигна дефанзивецот Николас Отаменди во 63. минута, нанесувајќи им го на „кариоките“ третиот последователен пораз во квалификациите, за првпат во историјата!

Сепак, хаосот и тепачките што му претходеа на натпреварот го ставија фудбалот на втор план. Натпреварот доцнеше половина час поради тепачка меѓу навивачите и полицијата на трибините.

Капитенот на „гаучосите“ и најдобар играч на светот, Лионел Меси, поради ситуацијата решил да го повлече тимот во соблекувалната, а наводно еден од учесниците во инцидентот бил и контроверзниот голман Емилијано Мартинез, кој во тепачката добил шлаканица од полицаец!

Со оваа победа Аргентина се зацврсти на лидерската позиција со 15 бодови, додека Бразил остана шести со само седум бодови и загрозено е местото на Светското првенство во 2026 година доколку продолжи со овие резултати.