ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: ВО АЛБАНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА НАТПРЕВАР ПОЧИНА ФУДБАЛЕР

0
64

Натпреварот од Првата фудбалска лига во Албанија помеѓу Егнатија и Партизани беше прекинат поради големата трагедија која се случи на теренот.

Фудбалерот Рафаел Двамена колабираше на теренот без да има некој околу него. Докторите се обиделе да го спасат неговиот живот со брза реакција, но можеле да констатираат само смрт.

Двамена имаше 28 години и забележа осум настапи во репрезентацијата на Гана, а најдобрите денови ги помина во Сарагоса и Леванте каде и што беше соиграч со Енис Барди. Дресот на шпанскиот тим го носеше од 2018 до 2020 година.